Web Push им овозможува на веб-страниците да ве известуваат за нови пораки или ажурирана содржина, дури и кога страницата не е вчитана. Додека Firefox е отворен, веб-страниците на кои им е дадена дозвола можат да испраќаат известувања до вашиот прелистувач, прикажувајќи ги на екранот. Кликнувањето на известување може да ја отвори оригиналната веб-страница или да се префрли на јазичето од таа страница доколку е вчитана. На поддржани инсталации на Windows, Firefox исто така може да прима одредени известувања и додека е затворен.
На пример, можете да се претплатите на известувања од вашите омилени страници за купување кои можат да ве известат за нови промоции или понуди. Можете да се претплатите на известувања од различни веб-страници. Некоја страница за концерти може да ви понуди известувања за настапи на вашиот омилен бенд. Вие одлучувате да ѝ дозволите на таа страница да ве известува, а една недела подоцна добивате известување дека вашиот бенд е на турнеја.
Table of Contents
- 1 Како веб-страниците бараат дозвола за известувања?
- 2 Управувајте со дозволата за известувања за веб-страницата до која пристапувате
- 3 Управувајте со дозволата за известувања за сите веб-страници
- 4 Како да ја отповикам дозволата за известувања за одредена страница?
- 5 Како да го спречам Firefox да ме прашува за дозволување известувања?
- 6 Примајте известувања од веб-страници додека Firefox е затворен
- 7 Често поставувани прашања
Како веб-страниците бараат дозвола за известувања?
Ако некоја страница сака да побара дозвола, ќе ја видите иконата
за дозвола за Известувања во адресната лента. Со кликнување на неа ќе се прикаже скокачки прозорец кој ви овозможува да ја одобрите или одбиете дозволата.
Доколку сте имале интеракција со веб-страницата (притискање на копче на тастатурата или допирање/кликнување каде било на страницата), скокачкиот прозорец ќе се прикаже автоматски.
Управувајте со дозволата за известувања за веб-страницата до која пристапувате
- Кликнете на иконата со катанец
иконата со штит
на левата страна од адресната лента.
- Кликнете на копчето вона врвот од панелот со информации за страницата што се отвора.
- Кликнете на Повеќе информации за страницатаПовеќе информации во следниот панел за да се отвори прозорецот со информации за страницата.
- Совет: Прозорецот со информации за страницата можете да го отворите и од лентата со менија, доколку лентата со менија е овозможена. Кликнете на и изберете од паѓачкото мени.
- Изберете го јазичето Дозволи.
- Под Испраќање известувања, изберете опција за известување: (стандардно), или . Ако вашите избори се засивени, отштиклирајте го полето за избор Користи стандардни.
Управувајте со дозволата за известувања за сите веб-страници
- In the Menu bar at the top of the screen, click and select (or , in some cases).Click the menu button
and select .
- Изберете од левата страна.
- Одете надолу до делот Дозволи иПод делот Дозволи, кликнете на копчето десно од Известувања.
- Изберете или од паѓачкото мени Статус за која било од веб-страниците за да ја одобрите или одбиете дозволата за известувања. Имајте предвид дека избирањето на ќе ја спречи веб-страницата повторно да ја побара дозволата.
- За да ја одбиете дозволата за известувања, но истовремено да ѝ дозволите на веб-страницата повторно да ја побара во иднина, изберете ја страницата и кликнете на копчето под листата.
- Откако ќе завршите, кликнете на копчето .
Како да ја отповикам дозволата за известувања за одредена страница?
Web Push во Firefox секогаш бара ваша согласност. Ниту една страница не може да ви испраќа push-известувања без ваша дозвола. За да спречите одредена страница да ви испраќа известувања:
- In the Menu bar at the top of the screen, click and select (or , in some cases).Click the menu button
and select .
- Изберете од левата страна.
- Одете надолу до делот Дозволи иПод делот Дозволи, кликнете на копчето десно од Известувања.
- Изберете ја веб-страницата.
- Ако сакате само да ја отповикате дозволата (дозволувајќи ѝ на веб-страницата повторно да ја побара во иднина), кликнете на копчето .
- Ако сакате да ја отповикате дозволата и да ја спречите веб-страницата повторно да ја бара, изберете од паѓачкото мени Статус до URL-адресата на веб-страницата.
- Кликнете на копчето .
Алтернативно:
- Посетете ја веб-страницата за која сакате да ја отповикате дозволата за известувања.
- Кликнете на иконата за дозволи
во адресната лента за да се отвори панелот со дозволи за страницата за таа веб-страница.
- Пронајдете ја дозволата Испраќање известувања и кликнете на копчето до неа за да ја отстраните дозволата.
Исто така, можете да ја одбиете дозволата во прозорецот со информации за страницата како што е опишано во делот Управувајте со дозволата за известувања за веб-страницата до која пристапувате.
Како да го спречам Firefox да ме прашува за дозволување известувања?
Ако некоја страница му укаже на Firefox дека сака да прикажува известувања, стандардно, Firefox ве прашува дали сакате да дадете дозвола. Можете да го поставите Firefox автоматски да ја одбива дозволата без прашување. Дури и по промената, ќе можете да правите исклучоци за страниците за кои сакате да прикажуваат известувања или да користат push-функции преку прозорецот со информации за страницата.
- In the Menu bar at the top of the screen, click and select (or , in some cases).Click the menu button
and select .
- Изберете од левата страна.
- Одете надолу до делот Дозволи иПод делот Дозволи, кликнете на копчето десно од Известувања.
- Штиклирајте го полето за избор Блокирај нови барања за дозволување известувања.
- Кликнете на копчето .
Примајте известувања од веб-страници додека Firefox е затворен
This feature is experimental and is being introduced to the Firefox user base through a progressive rollout. It may not yet be available to all users. Additionally, remote improvements must be enabled.
Не сите веб-страници поддржуваат известувања додека Firefox е затворен. Веб-страниците кои испраќаат push-известувања можат да ве известат дури и кога ги немате отворено во јазиче. Меѓутоа, веб-страниците кои генерираат известувања директно од отворено јазиче можат да ве известуваат само додека тоа јазиче останува отворено.
За да ја користите оваа функција, прво мора да дозволите барем една веб-страница да ви испраќа известувања. Потоа Firefox автоматски ќе ги овозможи известувањата додека Firefox е затворен.
Оваа функција можете да ја вклучите или исклучите во поставките на Firefox без да ги менувате дозволите за известувања што веќе сте им ги дале на веб-страниците.
За повеќе информации, вклучувајќи и како да управувате со оваа функција, погледнете Дозволете веб-страниците да ве известуваат додека Firefox е затворен.
Често поставувани прашања
Како функционира Web Push?
Веб-страниците можат да инсталираат Service Worker, веб-страница во позадина со ограничен сет на функционалности, која може да се претплати на push-услугата. Веб-страницата потоа може да испрати push-порака преку Web Push услугата на Mozilla до вашиот прелистувач, кој може да ја обработи таа порака и да прикаже известување на вашиот екран.
Кои информации ги споделувам со веб-страницата?
Веб-страница на која ѝ се дадени дозволи може да ви испраќа push-пораки кога страницата не е вчитана. Одредена квота го ограничува бројот на push-пораки без известување на екранот кои веб-страниците можат да ви ги испратат. За веб-страниците кои ја надминуваат квотата, испраќањето на push-пораки ќе биде оневозможено и ќе мора повторно да ги посетите за повторно да се претплатите. Web Push не им дозволува директно на веб-страниците да ја одредат вашата IP-адреса.
Кои информации ги користи Firefox за да обезбеди Web Push?
Firefox одржува врска со push-услуга за да прима push-пораки додека е отворен. На поддржани инсталации на Windows, Firefox исто така може да прима push-известувања додека е затворен преку придружна програма наречена Firefox Web Notifications. Оваа програма ја одржува врската со push-услугата на Mozilla сè додека Firefox повторно не се отвори или додека функцијата не се исклучи.
На други платформи, или кога оваа функција е оневозможена, врската се прекинува кога Firefox ќе се затвори.
Firefox одржува активна врска со push-услуга со цел да прима push-пораки сè додека е отворен. Врската се прекинува кога Firefox ќе се затвори. Ние чуваме рандомизиран идентификатор (User Agent IDentifier или UAID) на нашиот сервер за вашиот прелистувач, заедно со случаен идентификатор генериран од клиентот за секоја push-претплата. Кога имате какви било претплати, UAID е потребен за да ѝ овозможи на нашата push-услуга да ги насочува дојдовните пораки кон Firefox. Ако немате активни претплати за push-известувања, Firefox го менува UAID при секое ново поврзување.
На Firefox за десктоп, со push-услугата управува Mozilla. Firefox for Android користи комбинација од Web Push услугата на Mozilla и платформата Cloud Messaging на Google за да испорачува известувања до Firefox for Android. Само на апликациите на Mozilla им е овозможено да користат WebPush на iOS (на трети страни им е забрането да користат WebPush за испраќање известувања до iOS според договорот за користење на iOS).
Во сите три случаи, push-пораките се шифрирани според спецификацијата на IETF, и само вашата копија од Firefox може да ги дешифрира. Шифрираните пораки се чуваат на серверот сè додека не се испорачаат или не истечат.
Ние ја чуваме вашата IP-адреса 90 дена како дел од оваа услуга. Зачуваните информации стануваат неважечки кога ќе се промени или IP-адресата или UAID. Ние не чуваме информации за:
- серверите и/или услугите кои испратиле пораки
- кога одреден кориснички агент бил онлајн/активен
Како да додадам Web Push на мојата веб-страница?
Спецификацијата за Push API објаснува како да креирате Service Worker и да испраќате push-пораки.