Решавање проблем на Firefox OS

Овој напис ќе ве воведе во решавањето проблеми со вашиот уред или апликација преку неколку едноставни чекори.

Предупредување: Доколку мислите дека постои неисправност со Вашиот уред, Ве молиме да го контактирате продажниот салон каде сте го набавиле за проверка на можни проблеми со хардверот. .
Предупредување: Доколку имате прашања поврзани со Вашата сметка, Ве молиме да го контактирате Вашиот оператор.

Затворање на апликација која што е замрзната или не реагира

Лесно може да прекинете апликација со помош на менувачот на апликации.

  1. Држете го притиснато копчето Дома на долниот дел од уредот.
  2. Менувачот на апликации ќе се појави со слики од Вашите тековни апликации.
  3. Лизгајте низ сликите за да ја најдете апликацијата што сакате да ја затворите (доколку имате повеќе од една отворена апликација).
  4. Лизгајте нагоре за да ја затворите апликацијата или допрете на X на горниот лев агол на сликата и апликацијата ќе се затвори.
    How to close an app
  5. Допрете на копчето Дома за да се вратите на почетниот екран.

За повеќе информации, видете го написот Switch or quit apps.

Лесно може да прекинете апликација со помош на менувачот на апликации.

  1. Држете го притиснато копчето Дома на долниот дел од уредот.
  2. Менувачот на апликации ќе се појави со слики од Вашите тековни апликации.
  3. Ако имате повеќе отворени апликации, лизгајте низ нив за да ја најдете таа што сакате да ја затворите/
  4. Допрете на X во горниот десен ќош на апликацијата за да ја затворите.
    close 2.0
  5. Стиснете на копчето Дома за да се вратите на почеток.

За повеќе информации, видете го написот Switch or quit apps.

Осигурајте се дека сте поврзани на Интернет

За да функционираат некои апликации потребна е податочна врска. Проверете дали имате податочна или Wi-Fi врска и обидете се повторно.

  1. Повлечете го надоле панелот за известувања од горниот дел на екранот.
    Internet connection
  2. Доколку иконата за Wi-Fi или податочна врска не е сина, допрете ја за да се поврзете.

За подетални информации, видете го написот Connect to Wi-Fi or data..

Направете проверка за ажурирања

Еве како рачно да проверите за ажурирања на системот или на апликациите: The template "FxOSUpdates" does not exist or has no approved revision.

  1. Отворете ја апликацијата Поставки на Вашиот уред.
  2. Лизгајте надоле до делот Уред и изберете Информации за уредот.
  3. На екранот со Информации за Уредот, одете надоле до делот Софтверски ажурирања и допрете на Провери сега.

За подетални информации, видете го написот Update to a new version

Рестартирање на Вашиот уред

Брзото рестартирање може да поправи многу проблеми.

За да го рестартирате Вашиот Firefox OS уред, држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и потоа притиснете на Рестартирај го телефонот од менито. Ако Вашиот уред не реагира и не можете да го рестартирате, пробајте со т.н. тврдо рестартирање .

  1. Отворете го капакот на уредот каде што се наоѓа батеријата.
  2. Извадете ја и потоа вратете ја батеријата назад.
  3. Вратете го капакот на батеријата назад.
  4. Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите уредот .

За да го рестартирате Вашиот Firefox OS уред, држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и потоа притиснете на Рестартирај го телефонот од менито. Ако Вашиот уред не реагира, пробајте со т.н. тврдо рестартирање:

  1. Отворете го капакот на уредот каде што се наоѓа батеријата.
  2. Извадете ја и потоа вратете ја батеријата назад.
  3. Вратете го капакот на батеријата назад.
  4. Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите уредот .

Ресетирање на Вашиот уред

Предупредување: Ресетирањето на Вашиот уред ќе ги избрише сите Ваши податоци како апликации, контакти, електронска пошта, пораки, календари и поставки. Тоа ќе го врати Вашиот телефон во состојба како што сте го купиле. Користете го овој чекор во краен случај.
  1. Отворете ја апликацијата Поставки на Вашиот уред.
  2. Лизгајте надоле до делот Уред секцијата и изберете Информации за уредот.
  3. На екранот со Информации за уредот, допрете на Повеќе информации.
  4. Допрете на Рестартирај го телефонот и потоа на OK.

Сите купени апликации можете повторно да ги инсталирате со пријавување на пазарот на апликации и проверување во делот Мои апликации. За повеќе информации, видете го написот What is the Marketplace?

Доколку не можете нормално да го ресетирате Вашиот уред, можете да извршите т.н. тврдо ресетирање.

  1. Уверете се дека Вашиот уред е исклучен. Ако не можете да го исклучите нормално, извадете ја батеријата и потоа вратете ја назад.
  2. Држете го копчето за вклучување/исклучување, копчето Дома и копчето за јачина на тон, сите три во исто време додека не го видите екранот за ресетирање.
  3. Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре за да продолжите со ресетирање на Вашиот уред.

Добијте дополнителна помош или кажете ни што мислите

Доколку имате проблем со извршување на овие чекори или тие не го решат проблемот, ве молиме да го контактирате продажниот салон од каде го набавивте телефонот или прашајте ја нашата волонтерска заедница за помош.

Заедницата Mozilla ги користи Вашите коментари и укажувања за да го подобри Firefox OS.

За да ни пратите коментар:

  1. Отворете ја апликацијата Поставки..
  2. Лизгајте надоле до делот Уред и изберете Подобрување Firefox OS.
  3. Потоа допрете na Прати коментар.
  4. Допрете ја иконата Среќен или Тажен да укажете како се чувствувате во врска со Firefox OS.
  5. Вметнете ги вашите коментари во следниот екран.
  6. На крај, допрете на Прати коментар. Готови сте. Помогнавте да се подобри Firefox OS!

Share this article: http://mzl.la/1Bsuz4Y

Was this article helpful? Please wait...

These fine people helped write this article: novica, moniq. You can help too - find out how.