Како да ја поставите почетната страница

Firefox ја прикажува почетната страница кога ќе го подигнете прелистувачот. Може да ја замените основната почента страница со која било друга страница, повеќе страници или празна страница.

{maketoc title="Содржина"}


Наместете едена веб страница да е Вашата почетна страница

  1. Отворете ја страницата која сакате да е Ваша почетна страница.
  2. Кликнете на иконата лево од веб адресата на страницата и влечете ја врз Дома копчето. 083553582a5d40c93d919446ceffd07e-1274719354-386-1.png
  3. Кликнете Да за да потврдите.

Наместете повеќе веб страници да се Ваша почетна страница

  1. Отворете ја првата страница кој сакате да ја наместите како почетна страница.
  2. Отворете ги останатите страници во нови табови.
  3. Одберете го Алатки менито, и кликнете на Опции. 083553582a5d40c93d919446ceffd07e-1274719364-491-1.png
  4. Кликнете на Сите вчитани.
  5. Кликнете на Во ред за да го затворите прозорецот.

Контролирајте што да се прикажува кога ќе го подигнете Firefox

  1. Одберете го менито Алатки, и кликнете на Опции.
  2. Во делот Кога се стартува Firefox, одберете што сакате да се отвара кога ќе го подигнете
    • Прикажи ја мојата домашна страница - Ја прикажува домашната страница.
    • Прикажи празна страница - Прикажува празна страница, која најбрзо се вчитува.
    • Прикажи ги моите прозорци и јазичиња од последната сесија - Ги враќа страниците кои ги имате посетено последно пред да го затворите Firefox. За повеќе инфорамции погледнете го записот Restore previous session - Configure when Firefox shows your most recent tabs and windows.
  1. Кликнете на Во ред за да го затворите прозорецот.

Вратете ја основната домашна страница

  1. Одберете го Алатки менито, и кликнете на Опции.
  2. Одберете го Централа панелот.
  3. Во стартување делот кликнете на Основна страница. 083553582a5d40c93d919446ceffd07e-1274719364-491-2.png
  4. Кликнете на Во ред за да го затворите прозорецот.


Share this article: http://mzl.la/1BAQNzv

Was this article helpful? Please wait...

These fine people helped write this article: jovanovski. You can help too - find out how.